Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Предлог филм: Волкот од Волстрит 2013 (The Wolf of Wall Street 2013)

16 мар. 2020 г.·3 мин читање·641 прегледи

Следете не на Viber

Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) – американски филм од 2013 година, во режија на Мартин Скорсезе, според сценариото на Теренс Винтер, засновано врз истоимената книга на Џордан Белфорт. Во главните улоги настапуваат: Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Марго Роби, Метју Меконахи, Кајл Чендлер, Роб Рејнер, итн.

Во 2014 година, филмот имаше пет номинации за наградата „Оскар“ и четири номинации за наградите на БАФТА. За својата улога, Леонардо ди Каприо освои „Златен глобус“, а вкупно, филмот освои 38 награди и 170 номинации.

Филмот е заснован врз вистинска приказна за успехот и пропаста на Џордан Белфорт, кој во 1990-тите направи голема кариера на Вол Стрит, но подоцна е затворен поради вмешаност во криминални активности. Белфорт (го игра Ди Каприо) е младо момче од Њујорк кое сонува набрзина да се збогати. Заедно со другарот Дони (го игра Хил), тој ја основа фирмата „Стратон Окмонт“ и на свои 26 години, со помош на инсајдерско тргување и берзански манипулации успева да ги измами инвеститорите за скоро сто милиони долари и станува мултимилионер.

Користејќи ги дупките во законот и своите неверојатни способности за убедување, тој многу брзо успеал да ја прошири фирмата притоа здобивајќи се со прекарот „Волкот од Волстрит“.

Jordan Belfort: „When I walked through the office, I feel like a Moses in boots“

Заработувајќи неизмерно многу пари и работејќи во фирма каде што единственото правило е „не прифаќај НЕ за одговор“, Белфорд заедно со целиот свој тим почнуваат да живеат живот без контрола. Постојано користи дроги, вози скапи автомобили и е опкружен со убави девојки.

Но, ФБИ почнува да ја следи неговата активност и Џордан и Дони тајно ги префрлаат парите во приватна банка во Швајцарија. ФБИ ги испрашува вработените во „Стратон“, но од нив не може да извлече никакви корисни информации што би биле употребени како доказ против Џордан. Проблемите почнуваат кога ФБИ го апси швајцарскиот банкар поради вмешаност во финансирање на трговијата со дрога. Тогаш, ФБИ го апси Џордан и се спогодува со него да им послужи како поткажувач во замена на пониска затворска казна. Така, Џордан го губи богатството, го напушта сопругата (ја игра Роби) со ќеркичката, а тој завршува в затвор. Во завршната сцена од филмот, по излегувањет од затворот, Џордан држи предавање пред аудиториум во Нов Зеланд.

Погледнете го краткото видео..

Клучни зборови

  • Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)
  • Домашно кино
  • личен развој
  • филм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk