Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Предизвици со кои се соочува ФинТек индустријата?

17 мар. 2020 г.·4 мин читање·325 прегледи

Следете не на Viber

Дали ФинТек се соочува со предизвици во оваа модерна ера, и до која мера треба тоа да ги засега инволивраните страни? Одговорот е да. Еве 10 предизвици кои ја успоруваат ерата на дигиталното финансирање.

Сајбер криминал во финансиската индустрија

Иако банките вложуваат големи напори да ги чуваат податоците безбедни, станува сè потешко да се заштитат од компјутерскиот криминал. Има толку многу решенија за компјутерски криминал што ги следат индустриите на Финтех, но блокчејн технологијата се покажува како најдобар пристап.

Употреба на големи датабази во финансиската индустрија

Големи датабази на податоци им нудат можности како и предизвици на ФинТек компаниите. Со помош на социјалните медиуми, големите бази на податоци за клиентите, и изворите на вести, банките можат да им служат на своите клиенти на подобар начин. Но, се јавува предизвикот на нивното сортирање и обработка на голема број на неконструктивни податоци за крајните корисници. Затоа, потребна е моќна технологија за анализа на податоците со цел да можат подобро да се стекнат корисниците со придобивките.

ФинТек нарушување на финансиската индустрија

Дел од малите ФинТех компании кои се појавија пред помалку од една деценија не се во можност да го остварат својот потенцијал и да прераснат во голема компорација. Ова се должи на нередовната дистрибуција на технологијата.

Интеграција на блоцкчејн во финансии

Се вели дека блокчејн е клучна компонента во борбата против компјутерскиот криминал. Но кога ние зборуваме за финансискиот сектор, безбедноста на податоците не е единствената употреба на блокчејн технологијата. Иако, веќе е докажано дека блокчејн има вредност во разновидноста на инвестициите и банкарство, општото прифаќањето на блокчејн низ целата индустрија е сеуште тешко.

Преминување на дигиталната поделба во финансиските услуги

Дигиталното банкарство не значи само да имате мобилна апликација. Доколку некоја компанија може да има подобри резултати од рекламни кампањи кои се прикаѓуваат на дигиталните канали, во однос на кампањи кои се прикажуваат на традиционалните медиуми, пристапот кој таа ќе го избере е очигледен. Денес, изложбата на социјалните мрежи е многу важна. Фејсбук и Гугл рекламите ја олеснуваат работата на маркетинг департманите. Градење на бренд преку социјални медиуми е од исклучително значење и затоа, треба да се да се справиме со овие предизвици што е можно поскоро.

Искуство на клиентите во финансиската услуга

Искуството на клиентите е најважното прашање со кое се соочуваат повеќето фирми во финансиското работење. Денес, банкарските клиенти се фокусираат само на мобилно банкарство и не им е грижа дали банката е ФинТек компанија или не. Тоа значи дека е потребно време и пари за да се донесат промените во старите традиции. Сепак, повеќето генерации имаат отворен начин на размислување.

Регулаторна усогласеност во финансиите

Регулаторното опкружување постојано се менува. Финансиските институции мора да се соочуваат со постојани предизвици. Ова опркужување може да помогне да се надмине товарот на усогласеност. Со употреба на најновите технологии можат да се пријават регулаторни неусогласености. Стартапите кои ќе дејстуваат во регулаторното опркужување се во состојба да го надминат јазот помеѓу индустријата за финансиски услуги и нивните прописи.

Задржување на клиентите во финансиски услуги

Задржувањето на клиентите е главната цел на било кој бизнис или индустрија. Но, во денешно време, персонализацијата, автоматизираните услуги и полесниот пристап, им е од особено значење на клиентите. Индустријата која е во состојба да ги испорача сите овие погодности ќе има поголем удел на пазарот.

Задржување на вработените во финансиската индустрија

Во финансиската индустријата, наоѓањето на вистински вработен е исто толку тешко како и привлекувањето на клиенти. Добрата квалификација и талент е одлична комбинација и не се наоѓа лесно во информатичкиот свет. И штом компанијата успее да ги пронајде, краткорочното вработување станува големо прашање. Меѓутоа, ако компанијата сака да ги привлече и задржи своите вработени, треба да ја сменат нивната филозофија. Добрата плата и придобивките не се доволни. Неопходни се промени за да можат ФинТек компаниите да се вклопат во овој конкурентен свет.

Употреба на АИ во финансии

Повеќето експерти кажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) наскоро ќе го трансформира скоро секој аспект на индустријата за финансиски услуги. Според нив, давателите на решенија за ВИ ќе можат да обезбедат автоматско управување, отворено банкарство и можности за верификација на клиенти. Моќниот напредок во технологијата за таканаречено, „длабоко учење” е градење на патот за ВИ.

Битно е да се напомене дека сите овие не се всушност предизвици. Овие можат сами по себе да бидат корисни. Кога некој ќе може да ги идентификува можностите на пазарот, и да развие диференцирани деловни модели, ќе може да има поголем удел на пазарот.

Клучни зборови

  • иновација
  • предизвици
  • придобивки
  • технологија
  • финансиска индустрија
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk