Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Првиот компјутер на Apple продаден на аукција за 400.000 долари

11 ное. 2021 г.·2 мин читање·1435 прегледи

Следете не на Viber

Првиот компјутер на Apple кој e направен во 1976 година е продаден за 400.000 долари на аукција одржана во САД.

Реткиот Apple-1 компјутер со куќиште е направен од дрво е само едниот од 200. примероци кои се произведени и продадени, а досега имаше само два сопственика, професор на колеџ и неговиот студент кој го купил компјутерот за 650 долари. Со компјутерот и новиот сопственик добива оригинално упатство за користење и касети.

„Ова е свет грал за колекционери на компјутерска технологија, возбудлив е за многу луѓе“, рече експертот за Apple-1 Кореј Кохен.

Стив Џобс, Стивен Возњак и Роналд Вејн го основаа Apple на 1 април во 1976 година во гаража во Калифорнија.

Apple-1 компјутерите беа продавани по цена од 666,66 долари бидејќи Возњак сакал да ги повторува бројките. Во светот моментално фукционираат 20 примероци од овој компјутер.

Цената од 400.000 долари не е рекордна за Apple-1 бидејќи еден примерок во Њујорк, во 2014 година, е продаден за 905.000 долари.

Клучни зборови

  • apple 1
  • Роналд Вејн
  • Стив Џобс
  • Стивен Возњак
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk