Кога станува збор за бизнисот со издавање на недвижен имот, посебно на територија на Македонија мора да се констатира дека најголемата концентрација е во главниот град. Причините за таквиот момент се општо познати, а меѓу нив се и масовното преселување на голем број на луѓе од останатите градови од Македонија, обемот на изградба на станбени и деловни објекти и централизацијата на административниот и бизнис сегментот во државата. Покрај нив, изминатата година, забележани се уште најмалку 3 причини поради кои зголемена е атрактивноста на бизнисот со недвижности:
Стравот од започнување приватен бизнис – голем број на луѓе воопшто не се осудуваат за започнат со било какви вложувања во приватен бизнис од причина што се исплашени за оправданоста на влогот во бизнис модел каде може да се сретнат со нелојална конкуренција, нефункционална државна администрација и недостаток на поддршка во фаза на развој. Доста често низ бизнис кулоарите може да се слушне реченицата “Имам доволно финансиски средства, но нема во…