Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

По 1000 денари субвенции на сметката за струја за 45 300 граѓани

6 дек. 2021 г.·2 мин читање·4473 прегледи

Следете не на Viber

Од јануари 45 300 граѓани ќе добијат субвенции на сметките за електрична енергија во висина од 1000 денари. Помошта од државата ќе биде наменета за граѓани од најранливата категорија. Ова е една од мерките која власта ја презема заради високата цена на електричната енергија која се очекува драстично да се зголеми во новата година. Бројот на граѓани чии сметки за електрична енергија ќе бидат финансиски помогнати, во интервју за ТВ ,,Сител” го обелодени заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски.

,,Во буџетот за 2022 година се определни финансиски средства за енергетските компании и дополнително за 45 300 граѓани кои се од ранливата категорија во буџетот се предвидени 1000 денари за покривање на сметките за струја и огрев, плус веќе се донесени мерки за намалување на ДДВ за потрошувачите на регулираниот пазар со кои ДДВ-то се намалува од 18 на 5 проценти, вели Ковачевски.

Тој посочи и дека веќе се префрлени четири милијарди денари на енергетските компании за производство и за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на регулираниот пазар на малите потрошувачи. Исто така поради енергетската криза сите енергетски компании се задолжени да се вклучат сите капацитети РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино.

Во меѓувреме цената на електричната енергија на светските берза продолжува да руши рекорди искачувајќи се над 300 евра за MWh.

 

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • сметки за струја
  • струја
  • субвенции 1000 денари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk