Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Почнува примената на новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата

27 окт. 2021 г.·4 мин читање·651 прегледи

Следете не на Viber

Донесувањето на Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва е заеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност и за истиот беше обезбедена поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултанти ангажирани од нејзина страна.

Со донесувањето на новиот Кодекс којшто денес започнува да се применува, Берзата прави уште еден значен чекор напред во имплементирањето на европските стандарди во оваа област на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Кодексот се однесува на друштвата чии акции котираат на Официјалниот пазар на Берзата што ги исполнуваат условите пропишани во Правилата за котација. Овие друштва треба на годишно ниво да известуваат за тоа дали ги применуваат најдобрите практики пропишани во Кодексот.

Како и кодексите во други европски земји, така и новиот Кодекс ќе се применува според принципот „примени или појасни зошто не си применил“. Ваквиот пристап подразбира дека примената на одредбите од Кодексот не е задолжителна за котираните друштва. Друштвата можат да не применат некоја одредба од Кодексот во случаи каде што постојат оправдани причини за тоа, на пример, доколку таквата одредба не одговара на големината или потребите на друштвото. Сепак, во таквите случаи, друштвата се должни да дадат објаснување зошто конкретната одредба не можела да биде применета.

Целта на новиот Кодекс за корпоративно управување е преку примена на добрите практики на корпоративно управување да се подобри управувањето и контролата во котираните друштва, да се зголеми транспаретноста во нивното работење, да се подобри начинот на кои друштвата остваруваат комуникација со акционерите и инвеститорите и да се воспостават системи за поддршка за успешен развој на домашните компании. Кодексот за прв пат воведува одредби и практики поврзани со прашања за заштитата на животната страдина и прашања од општествен интерес.

Во врка со донесениот Кодекс, Главниот извршен директор на Берзата, г-дин Иван Штериев изјави: “Со реализацијата на проектот за нов Кодекс за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза не само што се заменува досега важечкиот кодекс, донесен пред повеќе години, туку се редефинира и се зголемува опфатот на котирани друштва на коишто истиот се однесува и се пресликуваат најдобрите современи меѓународни практики во оваа област. Кодексот, иако формално е документ кој го носи Берзата, е стратешко сидро на целиот пазар. Оттука, неговото донесување беше заеднички иницирано и реализирано од страна на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, со голема поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултантите кои преку неа беа ангажирани.  Кодексот ќе претставува конкретен патоказ за градење на добра корпоративна репутација и одржлив развој на долг рок за македонските котирани друштва и ќе предизвика низа позитивни импликации како за македонскиот пазар на хартии од вредност, така и пошироко”.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на РСМ, г-ѓа Нора Алити изјави: “Eфикасни, издржливи и правични пазари на капитал се градат врз основа на низа столбови. Еден многу важен столб е токму доброто корпоративно управување. Новиот кодекс за корпоративно управување обезбедува цврста рамка на добри правила и стандарди кои ги поставуваат очекувањата и границите на котираните компании што ќе резултира со доволно обелоденување за да им се овозможи на инвеститорите да носат информирани одлуки. Како регулатор, ние сме уверени дека новиот кодекс за корпоративно управување ја има вистинската рамнотежа помеѓу поттикнувањето на растот и обезбедувањето соодветно ниво на заштита на инвеститорите.”

Директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, Енди Аранитаси потенцираше дека Европската банка за обнова и развој со задоволство ја поддржа иницијативата на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност за донесување на нов Кодекс за корпоративно управување, којшто воведува модерни стандарди за понатамошно промовирање на развојот на пазарот на хартии од вредност во Република Северна Македонија. Во оваа прилика, Европската банка за обнова и развој им се заблагодарува на Берзата и Комисијата за нивната проактивна улога и соработка и за заблагодарува на Grand Duchy of Luxembourg за нивната великодушна поддршка на овој проект. Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со поддршка на овие институции во воспоставување на рамка за известување и мониторинг во врска со новиот Кодекс, како и со поттикнување на друштвата да го градат своето корпоративно управување преку примена на одредбите од Кодексот.

Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата е достапен на следниот линк: https://www.mse.mk/mk/content/14/10/2021/corporate-governance-code

Клучни зборови

  • европски стандарди
  • Иван Штериев
  • Кодекс
  • Нора Алити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk