Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НБ и МАПАС − поголема ефикасност во одржувањето на финансиската стабилност

18 јан. 2022 г.·2 мин читање·1117 прегледи

Следете не на Viber

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции.

Унапредувањето на соработката помеѓу Народната банка и МАПАС е од големо значење, имајќи ја предвид врската на банкарскиот систем со пензиските друштва, како врз основа на сопственичката поврзаност, така и врз основа на обезбедувањето услуги на чувар на имот за пензиските фондови. Оваа тесна поврзаност на двата сегмента на финансискиот систем е фактор за поблиска координација и содејствување на Народната банка и МАПАС, заради подобро управување, справување со можните ризици и одржување на стабилноста на финансискиот сектор.

Меморандумот предвидува соработка помеѓу Народната банка и МАПАС преку неколку групи активности. Така, со Меморандумот се дефинираат потребните податоци коишто ќе ги разменуваат институциите − се предвидува редовно доставување податоци за банките, на квартална основа, од Народната банка до МАПАС, коишто таа ќе ги ползува во вршењето на својата супервизорска улога врз пензиските фондови, а заради заштита на интересите на осигурениците. Размената на податоци е и во прилог на обезбедувањето информации потребни за анализа и оцена на финансиската стабилност и известување за статистички цели.  

Со Меморандумот се предвидува организирање заеднички контроли на субјектите што се од заеднички интерес за двата регулатора, кога ќе се утврди потреба од такви контроли. Истовремено, се предвидува меѓусебна соработка при изработката на подзаконски прописи коишто се однесуваат на субјектите коишто се предмет на заеднички интерес, како и во текот на изработката на предлог законските акти поврзани со банките и пензиските фондови.

Финансиската стабилност е заеднички приоритет и обврска на финансиските регулатори. За таа цел, Народната банка минатата година ги обнови меморандумите за соработка и со Комисијата за хартии од вредност и со Агенцијата за супервизија на осигурување, заради јакнење на механизмите за заштита на финансиската стабилност во системот.

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • МАПАС
  • Меморандум за соработка
  • Народната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk