Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Пониски провизии за електронските плаќања

31 мај 2021 г.·5 мин читање·1164 прегледи

Следете не на Viber

Пониски провизии за електронските плаќања на трговците кон давателите на платежните услуги се очекуваат со развојот на финтек секторот, а што се овозможи со донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и влезот на финтек-компании. Очекувањата се тоа да се случи во 2022 година, а она што се применува во Европа да се достигне во 2025 година.

Поширока понуда на полесно достапни, побрзи финансиски услуги со можност за инстант плаќања 24 часа во неделата, ќе бидат на располагање на граѓаните со развој на финтек секторот. Како што велат за МИА од Народната банка, се предвидува можност за граѓаните за отворање платежна сметка со основни функции преку која ќе може да извршуваат платежни трансакции за намирување на нивните вообичаени обврски, односно сметки за вода, електрична енергија, греење, интернет и сл. или пак трансфер на парични средства на друго лице, без користење дозволено пречекорување.

„За извршувањето на овие трансакции, граѓаните ќе плаќаат разумна висина на надоместоци која не смее да биде повисока од 0,1 отсто од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци, додека граѓаните кои се корисници на одредени законски права ќе може да ги добиваат овие услуги без надоместок. Минималниот број трансакции коишто треба да ги обезбедат банките по оваа цена за граѓаните изнесува најмалку пет трансакции месечно, при што во овој број ќе се вклучуваат само плаќањата насочени кон други правни и физички лица коишто се клиенти на истата банка”, појаснуваат од Народната банка.

Последните расположливи податоци за 2020 година, што ги објавува Народната банка, укажуваат на тоа дека просечниот надоместок кој давателите на платежни услуги го наплатиле од трговците за плаќањата извршени со парични картички изнесува 1,21%, при што тој варира во зависност од дејноста и големината на трговецот и се движи во распон од просечни 0,77% за информатичка технологија и бела техника до 2,71% за електронска трговија. Трговците, посочуваат од Народната банка, понатаму овие трошоци им ги пренесуваат на потрошувачите преку повисоки цени на производите и услугите.

„Заради намалување на овие трошоци, предвидено е висината на заменските надоместоци да се ограничи на 1 отсто од вредноста на платежната трансакција во средината на 2022 година и постепено да се намалува и на почетокот на 2025 година да се сведе на 0,2 отсто и 0,3 отсто од вредноста на платежните трансакции извршени со дебитни, односно кредитни картички, како што се тековно поставени во земјите од Европската Унија”, наведуваат од Народната банка.

Со ова се очекува натамошна промена на навиките за плаќање во насока на поинтензивно користење на дигиталните канали за извршување и следење на плаќањата. Поширока понуда на плесно достапни, побрзи финансики услуги со можност за инстант плаќања 24 часа во неделата кои ќе им бидат на располагање на граѓаните преку развојот на овој сектор во земјата.

„Се очекува финтек-компаниите да понудат едноставни кориснички апликативни решенија за побрзо и поефикасно извршување на платежните трансакции во реално време и тоа 24 часа во неделата, преку воведувањето  инстант плаќања кои овозможуваат извршување на трансферот на средства во кое било време кога физичките или интернет-продавниците се отворени или кога некое лице има потреба да добие пари, при што примачот на средствата ги добива неколку секунди по иницирањето на плаќањето”, велат од Народната банка.

Сметаат дека во вакви услови, потрошувачите и компаниите сè повеќе ќе бараат извршување на малите плаќања „веднаш“, било тоа да се плаќања од лице на лице или купувања во физички или интернет-продавници.

Со примената на нови технологии во светот на финансиите, од Народната банка посочуваат дека може да се очекува збогатена понуда на финансиски производи и услуги коишто ќе станат достапни на многу полесен начин, за многу пократко време и со поповолни услови. Поконкретно, истакнуваат дека дигиталната трансформација во областа на финансиите ќе овозможи значително намалување на времето потребно за отворање сметка, ставање депозит, земање кредит и слични финансиски услуги, за кои нема да биде потребно физичко присуство, односно овие услуги ќе им бидат достапни на граѓаните и на компаниите електронски, преку пристап од „паметен“ мобилен уред, лаптоп или компјутер.

„Преку овозможување поедноставен пристап на граѓаните и компаниите до финансиските услуги, финтек-секторот има потенцијал за зголемување и на финансиската инклузија, преку која се поддржува развојот на финансискиот сектор и економијата во целина. Впрочем, има бројни емпириски истражувања кои ја потврдуваат позитивната врска помеѓу финансиската инклузија и економскиот раст. Токму тоа, се најзначајните придобивки од развојот на финтек-секторот во земјата”, порачуваат од Народната банка.

Влезот на финтек-компаниите на пазарот на платежни услуги ќе биде овозможен со донесувањето нов Закон за платежни услуги и платни системи, којшто е значително усогласен со европското законодавство и стандарди за работа и ќе создаде правна можност за појава на нови даватели на платежни услуги на домашниот пазар, а особено на оние од финтек-сферата,

Заради овозможување на овие услуги, ќе биде потребно да се воведе концептот на т.н. „отворено банкарство“, кој подразбира воспоставување стандарди за отворена и сигурна комуникација помеѓу финтек-компаниите, банките и корисниците на платежни услуги.

Овие стандарди, како што истакнуваат од Народната банка, се потребни бидејќи банките ќе треба да ги отворат и да ги приспособат своите банкарски системи со цел да им овозможат на своите клиенти пристап до нивните платежни сметки користејќи ги услугите на финтек-компаниите, велат од Народната банка.

Се очекува законското решение да стапи во сила од јануари 2022 година.

Клучни зборови

  • интернет продавници
  • Народната банка
  • технологии
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk