Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Подготвен закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж

28 мај 2021 г.·2 мин читање·1170 прегледи

Следете не на Viber

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе го усвои.

Според Заев, законското решение опфаќа околу 1.100 лица.

– Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок – потенцира Заев.

Тој потсети дека како Влада зеле обврска да им излезезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија, кои пропаднале, а луѓето останале без работа.

– Затоа се донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица, кои поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, со услов 15 години, останале без работа. Досега тој надоместок го примаат околу 13 илјади граѓани. Но, чувството на нееднкавост кај лицата кои работеле 14 години и 10 месеци или 14 години и седум месеци е сосема оправдано оти и тие како нивните колеги работеле заедно иста работа – рече Заев.

Клучни зборови

  • паричен надоместок
  • стечајни работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk