Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Планот на ЕУ да ги означи гасот и нуклеарната енергија како зелени ја загрижи Германија и неколку други членки

24 јан. 2022 г.·3 мин читање·1190 прегледи

Следете не на Viber

Нацрт-планот на Европската унија да ги означи гасот и нуклеарните централи како зелени инвестиции ризикува да предизвика конфузија и погрешни финансиски извештаи, сметаат експерти од независното советодавно тело на Европската Комисија, поради критиките за предлогот од некои пратеници и држави-членки. Во реакцијата на стручната јавност на овие најави кои треба да бидат објавени во понеделник, експертите ги повикаа властите на ЕУ да ги преработат одредбите на нацрт-планот, со кои е планирано да ги означат гасните постројки со релативно високи емисии на CO2 , како и новите нуклеарни централи, отворени премногу доцна за да помогнат во исполнувањето на блокот до 2050 година, како одржливи извори на енергија, пренесува Ројтерс.

Експертите од оваа област, чии ставови беа неофицијално обелоденети во петокот, тврдат дека предлогот ќе им отежне на инвеститорите да проценат кои инвестиции се навистина поволни за климата – што е нешто на што европската класификација би требало да обезбеди јасни одговори. „Импликацијата е дека (доколку биде усвоен нацрт-планот на ЕУ, н.з.) пазарот нема да може да протолкува кои инвестиции се навистина усогласени со климатските цели, а кои не се“, изјави за Ројтерс Натан Фабијан, претседател на експертскиот советодавен панел. „Тоа би довело до погрешни извештаи во финансиските обелоденувања“, додава тој.

„Ќе се случува да има тврдења дека вашите пари се инвестираат на одржлив начин – но во реалноста се работи за фабрика на гас која емитува над европското просечно ниво на емисии“, изјави Фабијан.

Доколку Европската комисија ги усвои вака замислените нацрт-правила, експертите сметаат дека рекоа дека треба да се бара од компаниите и од финансиските институции да ги издвојат гасот и нуклеарната енергија во нивните финансиски извештаи, наместо да ги групираат заедно со други зелени инвестиции, како што се електричните автомобили или енергијата на ветерот.

Ќе бидат потребни попрецизни финансиски извештаи за да се избегне тие зделки да се прикажуваат како „зелени“, се вели во повратните информации.

Класификацијата на ЕУ нема да забрани инвестиции во средства на кои им недостасува зелена ознака. Но, со посебно означување на зелените инвестиции погодни за климата, таа има за цел да ги направи попривлечни за инвеститорите.

Земјите од ЕУ и законодавците не се согласуваат околу тоа дали гасот и нуклеарната енергија заслужуваат зелена значка. Германија во писмо до ЕУ го отфрли вклучувањето на нуклеарната енергија, додека четири други држави јавно се спротивставија на предлогот на Комисијата минатата недела. Во меѓувреме, групите што претставуваат повеќе од 200 од 700-те пратеници на Европскиот парламент испратија писма до Комисијата во кои изразија загриженост. Некои се противат на означување на гасот и нуклеарната енергија како одржливи, некои бараат правила за вклучување на повеќе гасни постројки, а други бараат јавна консултација за правилата.

На потег е Европската Комисија, која мора да објави конечен предлог за правилата, но мнозинството пратеници на Европскиот парламент или супер-мнозинството земји на ЕУ – 20 од 27 земји-членки – би можеле да стават вето на ваквите измени.

Клучни зборови

  • гас
  • Европска комисија
  • Европска Унија
  • ЕУ
  • нуклеарна енергија
  • нуклеарни централи
  • одржливи извори на енергија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk