Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Плазма и Роса со партнерите носат радост за првачињата

29 авг. 2025 г.·2 мин читање·2024 прегледи

Следете не на Viber

Пивара Скопје со брендот Роса и компанијата Бамби со брендот Плазма се цврсто посветени на својата мисија да придонесуваат за заедницата и да ги поддржуваат најмладите генерации.

Акцијата на Плазма и Роса, во која првачињата на стартот на учебната година ќе добијат подарок од нивните омилени брендови, со големо задоволство беше поддржана од дистрибутерската компанија Кола, која активно се вклучи во реализацијата на оваа прекрасна иницијатива. Оваа акција ги инспирираше и маркетите Веро, Тинекс, Жито, Кит-Го, Вива Фреш и Рамстор да се приклучат и  да им донесат радост на најмалите ученици и нивните семејства,

Родителите чии деца тргнуваат во прво одделение ќе можат да го подигнат подарок-пакетчето во најблиската продавница на каса, со приложување на здравствена легитимација или друг документ што ја покажува возраста на детето. Акцијата ќе трае од 1-ви до 15-ти септември или до истрошување на залихите во продавниците.

„Нашата цел е да им го разубавиме почетокот на учебната година на децата кои го прават првиот чекор во образованието. Овие подароци се симбол на поддршка, внимание и охрабрување за најмалите ученици и нивните семејствата, бидејќи првото седнување во училишните клупи е незаборавен момент и треба да биде обоен со топли и убави емоции на заедништво и подарување. Особено ни е драго што и нашите партнери се приклучија на регионалната акција, препознавајќи ја важноста на оваа иницијатива за целата заедница,“ велат од Бамби и Пивара Скопје.

Пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат доставени бесплатно од дистрибутерот Кола до маркети на листата објавена на следниот линк.

Клучни зборови

  • Бамби
  • пивара скопје
  • Плазма
  • Роса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk