,,ПАРИ” АНАЛИЗА- ПРАЗНИЧНА ЕКОНОМИЈА| Почнува предновогодишната празнична треска која носи убави чувства, романтични мисли и која ги исфрла на површината скриените желби. Една стара поговорка вели во „виното е вистината“, па напијте се чаша вино и почнете гласно да размислувате, што сакавте да направите ова година, а што не направивте, и направете си Ваш список со желби за наредната година, а ние ќе ви ја раскажеме винската приказна на Македонија.
Велат виното е пијалок на боговите. Во ова наше парче земја природата била дарежлива и ни дала клима која се состои од медитерански и континентални влијанија што ја прават идеална за производство на вино.
Во централниот дел на земјата, преку регионот на долината на реката Вардар, крај патиштата се простираат густи лозја и бројни винарии. Сите тие ја раскажуваат повеќевековната приказна за виното, која е нераскинливо поврзана со овие области. Виното е вметнато во културата и фолклорот на нацијата и се споменува во многу народни песни, приказни, легенди и традиции. Сите хроничари на македонските народни приказни од 19…