Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Пет години КОСТАЛ Македонија, филијалата во Охрид со илјада вработени

18 ное. 2021 г.·3 мин читање·1802 прегледи

Следете не на Viber

Претставници на Амбасадата на Германија, предводени од заменик-амбасадорот Ото Граф беа во посета на производствените капацитети на „Костал Македонија“ во Охрид, по повод одбележувањето на петгодишнината од доаѓањето на Групацијата „Костал“ во земјата.

Каи Кникман, управниот директор на Групацијата „Костал“, изрази задоволство од постигнатото во нивната филијала во Охрид.

– Пет години како успешно се развива „Костал Македонија“, горди сме на постигнатото. Успеавме од браунфилд инвестиција да создадеме современ, технолошки напреден производствен капацитет. Поддршката и соработката на сите нивоа – од локално, регионално до национално, придонесоа Групацијата „Костал“ да се чувствува дома тука во Охрид. Нашите намери се да останеме тука, да ги унапредувавме производствените процеси, да се развиваме и да ги прошируваме капацитетите. Не само што отворивме работни места, помогнавме на локалната економија, создаваме услови за обука на работна сила, ги поддржуваме вработените на сите начин, го унапредуваме претприемништвото, што во целина значи намера за развој во годините што доаѓаат, рече тој.

Заменик-амбасадорот и раководител на економскиот сектор во Германската амбасада Ото Граф, потсети дека повеќе германски компании имаат свои инвестиции и производствени капацитети во земјава, од кои „Костал“ е меѓу технолошки најнапредните кога станува збор за самиот производствен процес.

– Многу фактори се важни во разработувањето стратегии за привлекување инвестиции. Наша цел е преку посети на ваквите компании да ги согледаме успешните примери, да се запознаеме што се е дополнително потребно за создавање уште поповолна клима за привлекување странски инвестиции тука, рече Граф.

Филијалата „Костал Македонија“ веќе го прослави илјадитиот вработен во нивните капацитети во Охрид, што се наоѓаат во целосно обновените капацитети на поранешен „ЕМО“.

Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, изрази благодарност до сите чинители што придонеле за успешноста на проектот и неговиот нагорен развој низ годините.

– Ни престои иднина исполнета со нови комплексни проекти кои имаме намера да ги донесеме тука. Дел од тие проекти се вбројуваат во најкомплексните во рамките на Групацијата „Костал“ за што покрај посветеноста на внатрешните ресурси, ќе биде неопходна повеќе од порано и поддршката од институциите и тоа на повеќе нивоа. Предизвици има, но знаејќи ја посветеноста на тимот на „Костал“, како оној на интернационално, така и на локално ниво, нестрпливи сме да ја зграбиме нашата шанса – да го направиме „Костал Македонија“ најважната европска производна локација во рамките на Групацијата, изјави Мизо.

Клучни зборови

  • Костал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk