Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Партијата на пензионери побара гарантиран минимален износ на старосна и инвалидска пензија 70% од минимална плата

4 апр. 2022 г.·2 мин читање·3408 прегледи

Следете не на Viber

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), во следниот период, низ интензивен дијалог во рамки на владеjaчката коалиција, своите политички активности примарно ги насочува кон утврдување на износот на минималната пензија, како и реализирање на програмските определби на партијата за подобро здравство и услуги за сите, особено за пензионерите.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), на седница на Извршниот одбор, одржана на 01.04.2022 година, по констатирање дека е исполнета целта, од Програмата на ПП, за изменување и дополнување на член 37 од Законот за ПИО, со остварување на придобивката пензиите покрај со порастот на трошоци на живот да се усогласуваат и со порастот на просечната плата во земјата, донесе заклучок да ја интензивира својата политичка активност, во рамки на владеечката коалиција, за утврдување на износот на минималната пензија и донесување на нова методологија за начинот, формата и изворите на средства од кои таквата пензија ќе се исплаќа, со цел остварување на:
– ГАРАНТИРАН МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА СТАРОСНА И ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА 70% ОД МИНИМАЛНА ПЛАТА;
– ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА 60% ОД ПРОСЕЧНА ПЛАТА;
– РЕДОВНА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИИ СО ПОНИЗОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА (семејна, земјоделска).

Исто така, утврдени се и конкретните мерки, од областа на здравството, насочени кон континуирано подобрување на здравствените услуги и ослободување, или намалување на трошоците на пензионерите кои се корисници на таквите услуги.

Покрај наведеното Извршниот одбор на ПП, согласно со Статутот на ПП, ги отпочна подготвителните дејствија за организирање на изборни активности за избор на нови органи и раководство на партијата.

Клучни зборови

  • инвалидска пензија
  • македонски пензионери
  • партија на пензионери
  • старосна пензија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk