За осум дена 18.000 евра морало да плати семејство од Кавадарци за престој на нивниот татко болен од корона во приватна болница.Само 1000 евра на ден ги чинело тоа што е приклучен на респиратор. Во целиот хаос кога веќе се пополнија местата во државните Ковид центри велат место побарале во приватните болници. Свесни биле дека тоа ќе чини, но се надевале на подобар третман. Она што не го знаеле е дека додека нивниот татко се борел за живот секој лекарски чекор што требало да биде преземен прво од нив ќе се барало да ги исплатат парите на сметка.Уште пред да стапне во болницата семејството морало да уплати 4.000 евра депозит.
-Изутрина во осум му се откачил тромб и додека не уплативме 8.000 евра не го оперираа. На операција беше дури на полноќ во 12 часот зошто чекаа парите да легнат на сметка, за жал татко ми не преживеа. Вкупно за 8 дена плативме 18.000 евра.За мене ова е чисто профитерство и кога ќе помине кризата ги повикувам властите да направат сериозно истражување како се лекувани пациентите во кризава, велат од семејството кое сака да остане анонимно.
Ова е само еден од многубројните случаи каде што граѓаните во надеж дека нивните најблиски болни од корона ќе добијат подобар третман во приватните болници потрошија цели заштеди, но за жал не сите се излечија.Знае ли некој кој што правеше и колку се наплаќаше во панде…