Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Пандемијата ги принуди многу луѓе да почнат да купуваат намирници преку Интернет, а тоа може да го промени трајно нивниот начин на купување.

23 мар. 2020 г.·2 мин читање·62 прегледи

Следете не на Viber

Коронавирусот ги принуди многу луѓе да почнат да купуваат намирници преку Интернет, а тоа може да го промени трајно нивниот начин на купување.

Купувањето книги, електрични уреди и нарачка на готова храна преку апликациите за испорака веќе се вообичаени, но повеќето луѓе претпочитаат да купуваат месо, овошје, зеленчук и други намирници во продавница, сепак, можеби оваа практика наскоро ќе замине во историјата, пишува CNN.

Минатата година, само 4% од намирниците се набавуваа преку Интернет во САД, но бидејќи купувачите сега се ограничени да седат во домовите, онлајн шопингот е во пораст. Преземањe на апликации за купување намирници се зголемија во краток временски период за дури 200% во однос на минатата година.

Сè поголем процент на купувачи преку интернет се над 60 години, а 41% од сегашните корисници на овие апликации – тврди дека ја направиле првата онлајн набавка во изминатата недела.

“Однесувањето на клиентите секогаш се менува во услови на катастрофа. Луѓето учат нови вештини и како да купуваат преку интернет, што е токму она со кое се соочуваме денес“, рече Даг Бејкер, претседател на индустриски односи во FMI, трговската група за малопродaжба на храна.

Некои од корисниците на овие апликации за купување намирници преку интернет тврдат дека тие веројатно ќе продолжат да ги користат кога сè ќе се врати во нормала, затоа што полесно се купуваат на овој начин.

Клучни зборови

  • коронавирус
  • намирници
  • онлајн купување
  • онлајн шопинг
  • пандемија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk