Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Пандемиските долгови ќе ги надминат долгорочните трошоци за здравство и пензии

20 окт. 2021 г.·2 мин читање·1138 прегледи

Следете не на Viber

Трошоците за отплата на долговите акумулирани во пандемиската криза ќе бидат занемарливи во споредба со оние што ги носат долгорочните трендови како што се финансирање пензии и здравствени услуги во услови на стареење на населението, предупреди ОЕЦД.

Во пандемијата на Ковид-19, државите натрупаа огромни долгови за да им помогнат на граѓаните и компаниите да ја надминат кризата предизвикана од ширењето на инфекцијата и строгите мерки за борба против неа, наведува Организацијата за економска соработка и развој во својот најнов извештај.

Според ОЕЦД, фискалната политика мора да го поддржува јавното здравство и економијата се додека пандемијата не биде целосно совладана, по што владите ќе треба да ја прекинат поддршката за компаниите и да ја преиспитаат фискалната одржливост преку призмата на повисок долг и послаб раст на БДП.

До 2060 година, фискалниот притисок врз членка на ОЕЦД може да се зголеми за осум процентни поени од БДП, доколку владите се стремат да го одржат сегашниот стандард за јавни услуги и социјални права, смета ОЕЦД.

За да го намалат притисокот врз буџетот, земјите можат да усвојат само реформски пакети за зголемување на вработеноста и со тоа зголемување на БДП по глава на жител, забележуваат тие.

Ова би можело да го подобри животниот стандард за речиси седум проценти до 2060 година, проценува ОЕЦД, додавајќи дека најзначајното подобрување на стандардите, за девет до 10 проценти, ќе го забележат земјите со најголем „заостаток“, како што се Белгија, Франција и Италија.

Ваквите пакети ќе го ублажат фискалниот притисок врз медијалната членка на ОЕЦД за околу 1,75 процентни поени од потенцијалниот БДП до 2060 година или петтина од предвиденото зголемување.

Во земјите што ќе имаат најголема корист од реформите на пазарот на трудот, притисокот врз буџетот може да се намали за четири до пет процентни поени од БДП, смета ОЕЦД.

Клучни зборови

  • Долгови
  • оецд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk