Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк: идеално партнерство за исполнување на сите финансиски потреби

3 мај 2023 г.·2 мин читање·1089 прегледи

Следете не на Viber

Потрошувачкиот кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк АД Скопје е единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им пружа дополнителен слој на заштита.

Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 6% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилната каматна стапка која изнесува 4,5% пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 4,75% (9,25% номинална годишна), не пониско од 6%.

За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.500.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Истиот е без провизија  за обработка или во случај на негова предвремена отплата. Новиот потрошувачки кредит е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните, но може да биде добредојден и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може да се добие и  значително намалување на месечните рати.

Трошокот за полисата за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, која е задолжителна за овој тип кредит, е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот, додека пак, задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

„Потрошувачките кредити секогаш се најбарани производи бидејќи служат за задоволување на најразлични потреби – купување материјални добра, плаќање различни услуги или едноставно за пребродување на одредени периоди во животот, како последица на најразлични кризи. Токму со цел да му се помогне на населението, Халкбанк го креираше новиот производ – Потрошувачки кредит во пакет со животно осигурување и полиса од незгода со ниска каматна стапка од само 6% која е фиксна за првите две години. Кај овој производ го вклучивме пакетот со животно осигурување и полиса од незгода за обезбедување сигурност на граѓаните во отплатата“, велат од Халкбанк.

Клучни зборови

  • полисата за животно осигурување
  • Потрошувачки кредит
  • Триглав Осигурување Живот АД Скопје
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk