Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Оштетени штедачи: Ако е потребно и со протести пред Уставниот суд ќе се бара правдата за штедачите

8 апр. 2021 г.·3 мин читање·1302 прегледи

Следете не на Viber

Почитувани наши сограѓани, за жал деновиве правдата за штедачите беше ставена како заложник на поединци од кои со серија известувања во јавноста преку медиумите, всушност вршат притисок врз своите колеги судии кои, случајно или не, се дел од оние кои ја поддржуваат иницијативата за укинување на членот 163 став 3 од Законoт за банки.

Од Здружението „Правда за штедачи” се подготвени и во услови на пандемија да излезат на протести пред Уставниот Суд и да ја бараат својата, но и правдата за сите штедачи на банкарскиот систем кои со членот 163 став 3 од Закон за банки се ставени во неправедна положба во однос на Фондот за осигурување на депозити. Воедно, протестите ќе бидат и начин на поддршка за оние судии кои ја поддржуваат иницијативата и апел да истраат пред притисоците и предизвикот за носење на праведна и правична одлука.

Сите поважни институции во државата, како што се Владата и Собранието, но и останатите институции во општеството се соочени со предизвиците кои ги носи со себе пандемијата. И покрај тоа, согласно протоколите за работа, функционираат и заседаваат за доброто на граѓаните и општеството. Соодветно на тоа, бараме и од Уставниот Суд да ја закаже наредната седница во најкус можен рок со цел да се стави крај на неправдата!

Повторно би сакале да потсетиме дека Уставниот Суд ја има честа и привилегијата да токму преку носење на одлука за укинување на членот 163 став 3 од Законот за банки, со којшто е регулирано предимството за наплата на Фондот за осигурување на депозити, да ја отпочне борбата за правдина на сите граѓани и фирми депоненти на банки во земјава. Истиот тој Фонд, во сега веќе почнатата стечајна постапка на Еуростандард банка, има предност во наплатата на побарувањата пред сите останати побарувања на физичките и правни лица, и на тој начин ги доограбува. Ова е единствен, уникатен пример на брутално кршење на темелните вредности на уставот во цела Европа и пошироко, да со законска одредба од Законот за банки се врши нееднаквост, дискриминација и директно ограбување на оние кои ги доделиле своите лични средства во банка или ги користеле нејзините услуги. Особено ова се однесува на правните лица кои не се обештетуваат воопшто од Фондот, а истиот се поставува пред нив во наплата од стечајната маса и целосно им ги зема парите. На крај, на сите депоненти, физички и правни лица, Фондот целосно им ги зема нивните останати средства, депозити или тековни средства на сметки, при стечај на лиценцирана, регулирана и контролирана банка.

Во исто време, би сакале да потсетиме дека Уставниот Суд ја има и привилегијата да пред сите други државни институции отпочне процес на промена на процедурите во банкарскиот систем во целина.

Борбата против корумпираноста и безредието во банкарскиот систем почнува со праведната одлука на Уставниот Суд, но тука не завршува! На потег е Уставниот Суд, се вели во соопштението на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка АД Скопје
  • Правда за штедачи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk