Охридска банка АД Скопје цел на напад, од банката апелираат да не се отвараат две мејл адреси

2 мин читање933 прегледи

Охридска банка ги советува клинетите да не отвараат пораки пристигнати на мејл адресите: ohrdska.banka@ohridskabanka.com.mk и MLFXDoznkiOB@ohridskabanka.com.mk со цел да се заштитат од злоупотреба на нивните податоци.
Од банката преку соопштение посочуваат дека на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на мејлови.
Одредени физички и правни лица добиваат пораки од мејл адресите: ohrdska.banka@ohridskabanka.com.mk (фали буквата “i” во “ohridska”) и MLFXDoznkiOB@ohridskabanka.com.mk (фали буквата “а” кај “Doznaki”), а како контакт адреса е наведена obinfo3@ob.com.mk наместо obinfo@ob.com.mk. Предмет на мејл пораката е: Известување за извршена дознака во странство – SWIFT.
-Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВОРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕЈЛ АДРЕСИТЕ ohrdska.banka@ohridskabanka.com.mk и MLFXDoznkiOB@ohridskabanka.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката (CRO) за да ја верификуваат пораката, апелираат од банката.
Доколку во меѓувреме прилогот на мејлот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец.
Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Информативниот систем на Банката е сигурен и во ниеден момент не е загрозен.
-Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите, истакнуваат од Охридска банка АД Скопје