Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Откријте какви привилегии добивате доколку сте приматели на плата во Халкбанк

15 фев. 2022 г.·3 мин читање·5821 прегледи

Следете не на Viber

Тешко е да се замисли животот и секојдневието без широката палета на производи на банката. Покрај можностите за парични заеми, депонирање готовина и други банкарски услуги, голем број на иновативни банкарски производи и услуги го олеснуваат секојдневното функционирање во заедницата. Помеѓу иновативните и корисни банкарските услуги кои редовно се практикуваат од страна на корисниците, се вбројува и услугата „Примател на плата” која покрај обезбедување пристап до паричните средства на трансакциската сметка, што се зголемуваат со секој прилив на плата, носи и низа други бенефиции.

Секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку наведената сметка остварува редовен личен доход, како примател на плата, пред сé добива можност за користење на Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која на клиентот му е овозможено да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија. Халкбанк има и широка мрежа на сопствени современи банкомати од кои се нудат низа услуги со кои се избегнува одење во некоја експозитура и чекање ред на шалтери, како депонирање готовина на својата трансакциска сметка или пак плаќање долг на кредитната картичка.

Друга бенефиција за примателите на плата е можноста за дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати. Дозволениот минус е најлесно решение за надминување на моментален или периодичен недостиг на пари кој клиентот може да го искористи кога му се потребни средства за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци.

Кога станува збор за картичките, со станување клиент со плата во Халкбанк, секој може да избере да добие дебитна, но и кредитна картичка од светските брендови Visa и MasterCard.

Со кредитните картички клиентите можат да купуваат на рати без камата на мрежата на ПОС терминали со кои Банката има склучено договор за рати без камата. Корисниците на кредитните картички, Халкбанк ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на  бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства  кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк. А нив навистина ги има насекаде!

Халкбанк, на своите клиенти, приматели на плата им овозможува и штедење со најповолни каматни стапки со наменскиот депозит за приматели на плата „Мој депозит”. Каматата за овој тип на производ е фиксна и се движи до 1,30% за штедење во денари на рок од 36 месеци и 0,90% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Клиентот може да одбере помеѓу исплата на камата на крај на период на орочување или месечно.

Дополнително Халкбанк го прошири асортиманот на производи и услуги и на своите ценети клиенти им овозможи да купат полиси за неживотно осигурување (патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, осигурување на имот и останати типови) издадени од Халк Осигурување АД Скопје во сите филијали на Халкбанк во земјата.

Бидејќи мисијата на Халкбанк е да ги разбере и континуирано да ги задоволува потребите и желбите на своите клиенти  и согласно на тоа да обезбеди најдобро можно корисничко искуство, клиентите имаат навистина оправдана причина за да станат клиенти и приматели на плата во Банката и да ги искористат поволностите и бенефициите.

 

Клучни зборови

  • 2022
  • Mastercard debit contactless
  • бонус поени
  • Дебитна картичка
  • кредитна картичка
  • приматели на плата
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk