Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ОТВОРЕН ШТИП СИТИ МОЛ- Првиот трговски центар во Источна Македонија официјално отворен за посетители од целиот регион

10 дек. 2022 г.·3 мин читање·2743 прегледи

Следете не на Viber

Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити Мол.

Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини.

На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект и се очекува да стане најголема и најпосетувана атракција за целиот регион.

“Дека потребата од трговски центар од ваков тип во Штип и во регионот е голема, покажаа уште еднаш сите граѓани кои денеска дојдоа заедно да го означиме почетокот на овој голем проект. Целата наша напорна работа во изминатиот период, посветеноста на сите вклучени страни, сите предизвици со кои се соочивме, се исплатеа за денес да имаме готов проект кој на 100 000 граѓани од целиот регион ќе им пружи незаборавно шопинг искуство, но и место за забава и дружба. Ова е само почетокот на една убава приказна која и ја посветуваме на градот Штип и заедно со сите вас ќе продолжиме да ја градиме.” – изјави Горан Јордев, сопственик на Штип Сити Мол.

На големото отворање целодневната програма започна со забава за најмалите со Стела и Сани, најубавите детски песни ги отпеа хорот на Златно Славејче, а внатре во трговскиот центар посетителите ги пречекаа аниматори кои придонесоа за посебна динамика и забава на настанот. Настанот продолжува со DJ Goldie, Мина Блажев, a ќе заврши со дуото Дац и Александар.

Штип Сити Мол како најголем и најмодерен трговски центар во регионот претстава голема инвестиција која, со околу 250 директни вработувањa придонесува за развој на економијата во целиот источниот регион, а особено во градот Штип.

Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство. Вашите омилени брендови, продавници, ресторани сега поблиску до вас!

Клучни зборови

  • Штип Сити Мол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk