Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Отворен нов Тинекс маркет во населба Аеродром

24 јул. 2021 г.·2 мин читање·14548 прегледи

Следете не на Viber

Тинекс и понатаму ја реализира визијата за ширење на ланецот на маркети со цел задоволување на потребите на потрошувачите со одлична услуга и широк асортиман на производи.

Денес (24.07, сабота) беше отворен нов Тинекс маркет на ул.23 Октомври бр.7 во населбата Аеродром и се наоѓа во непосредна близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тинекс маркетот располага со вкупна површина од 400м2, а покрај добро снабдените редовни оддели со широка палета од над 3000 производи од домашно потекло и ексклузивни увозни производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо и оддел за сувомесни и млечни деликатеси.

Отворањето на овој маркет обезбеди 16 нови работни места, а потрошувачите ќе ги опслужуваат 2 наплатни каси.

По повод отворањето за потрошувачите се подготвени голем број на акции, промоции и попусти, а за членовите на Мој Тинекс клубот од 24.07 до 26.07 ќе се доделуваат 3xПОВЕЌЕ поени на износот на направената сметка.

Компанијата Тинекс и понатаму го продолжува трендот на унапредување на постоечките и отворањето на нови маркети.

ПР Објава

Клучни зборови

  • нов Тинекс маркет
  • тинекс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk