Од почетокот на пандемијата и нејзините први ефекти кон глобалната економија, се прават претпоставки околу тоа кога ќе започне да се стабилизира економската ситуацијата, со каков интензитет ќе се одвива опоравувањето и кои мерки треба да се превземат за таквиот тек да биде што по безболен за сите. Откако стагнацијата и рецесијата се веќе евидентирани и може нумерички да се изведат нивните влијанија врз целокупното економско движење, сега се поставува прашањето дали враќањето во нормала ќе се одвива според траекторија на латинските букви L,V или W, или пак ќе завземе форма на буквата К? Можеби буквата К е најсоодветниот пристап за сликовито објаснување на пост кризниот период од аспект на микроекономија, додека макроекономистите секогаш ќе бидат во насока на комплетирање на бизнис циклусот и формирање на…