Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Опел“ плати парична казна и нема да оди на суд

20 окт. 2021 г.·2 мин читање·1198 прегледи

Следете не на Viber

Производителот на автомобили Опел нема да се соочи со судска постапка во Германија во врска со емисијата на издувни гасови од возилата со дизел погон, откако плати казна од 64,8 милиони евра (75,5 милиони долари), соопштија денеска обвинителите во Франкфурт.

Казната е изречена бидејќи емисиите од неколку модели на Опел содржат загадувачи на значително повисоко ниво отколку што е соопштено на германскиот орган за лиценцирање возила, информираат обвинителите, пренесува ДПА. Ова значи дека Опел нема да се соочи со серијата судски процеси со кои се соочи конкурентот Фолксваген.

Постапките против шест менаџери на Опел, исто така, се отфрлени – или затоа што нивната улога била ограничена или откако платиле казни.

Опел, во моментов во сопственост на мултинационалната корпорација „Стелантис”, нагласи дека не се соочува со обвиненија за намерен криминал или за инсталирање софтвер за измами, како што беше случај со другите производители.

Германскиот орган за лиценцирање му наложи на Опел во 2018 година да повлече одредени модели. Опел потоа го прилагоди софтверот во посочените возила.

Компанијата беше во сопственост речиси 90 години на американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс, пред да биде преземена од француската групација ПСА во 2017 година, која пак се спои со Фиат Крајслер во Стелантис на почетокот на оваа година.

Клучни зборови

  • опел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk