Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ОКТА и годинава доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ

22 авг. 2022 г.·3 мин читање·3222 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата ОКТА ќе обезбеди стипендии за петмина студенти од втор циклус студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, шеста година по ред. Стипендиите ќе бидат доделени на постдипломци од петте факултети кои што имаат наставни програми сродни со дејноста на ОКТА и тоа: Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Природно – математички факултет – Скопје (Институт за хемија), Технолошко – металуршки факултет – Скопје и Машински факултет – Скопје. Право на пријавување на конкурсот за стипендирање имаат сите студенти кои што првпат запишуваат втор циклус студии на овие факултети во учебната 2022/2023 година.

„Досегашната пракса покажа дека програмата за доделување стипендии од втор циклус студии на УКИМ, која е многу значаен сегмент во стратегијата за општествена одговорност на ОКТА, е препознатлива помеѓу студентите и бројот на пријавени кандидати од година во година значително се зголемува. Ова ни дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршката на индивидуалниот и научен развој на младите, а со тоа и да придонесеме во создавањето висококвалитетни кадри кои ќе понудат нови можности за развој на заедницата“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ.

Сите неопходни детали за Конкурсот се достапни на интернет страницата и на социјалните канали на ОКТА, како и на интернет страниците на факултетите за кои се доделуваат стипендиите. Потенцијалните стипендисти ќе може да аплицираат најдоцна до 04.10.2022 година. За изборот на најдобрите апликанти ќе одлучува комисија составена од претставници на ОКТА и на соодветниот факултет.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со УКИМ, почнувајќи од 2017 година до денес, бројката на поддржани постдипломци во рамки на програмата „Нова генерација“ на ОКТА достигна 45 студенти.

„Една од главните стратегиски цели на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а истовремено и предизвик со кој соочува не само домашниот, туку и заедничкиот европски пазар на образованието, трудот и иновациите, е соработката со светот на бизнисот на сите нивоа. Во таа насока, потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу ОКТА и Универзитетот е од особено значење, бидејќи на овој начин се гради и се зацврстува врската помеѓу универзитетот, бизнис секторот и општеството. Вака, Универзитетот, како најзначаен дел на целокупниот образовен систем, ќе може успешно да ја извршува својата функција во насока на развој и унапредување на општеството и како витален центар за создавање висококвалитетни стручни кадри ќе продолжи да ги исполнува високите стандарди за нивното вклучување во пазарот на трудот, следејќи ги потребите на стопанството“ – изјави проф. Д-р Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.

Поддршката на образованието и на новите генерации е една од основните цели на Стратегијата за општествена одговорност на ОКТА АД – Скопје. Покрај стипендирањето на најдобрите студенти од факултети на УКИМ, во рамки на програмата „Нова генерација“, изминатите години беа доделени седум стипендии за втор циклус студии и на универзитетите во Пиреја и во Крит (Република Грција), а околу 100 студенти биле  дел од практикантската програма на ОКТА, преку која практикантите имаат можност да се стекнат со практично искуство и да го надградат своето знаење, а некои од нив и да станат дел од тимот на компанијата.

Клучни зборови

  • Окта АД Скопје
  • Стипендии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk