Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Одржана Работилницата за новинари во организација на Народната банка

30 дек. 2019 г.·3 мин читање·64 прегледи

Следете не на Viber

Транспарентноста и отчетноста се фундаменталните принципи врз коишто се темели нашето работење – тие и го гарантираат зачувувањето на довербата и интегритетот на Народната банка. А довербата на јавноста во нас и во нашиот капацитет да испорачаме макроекономска и финансиска стабилност е sine qua non на нашиот успех. Ова беше истакнато на почетокот на годинешното издание на Работилницата за новинари во организација на Народната банка, коешто се одржа вчера.

Со поздравно обраќање, настанот го отвори гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. „За современите централни банки, веќе не важи правилото дека добро би било да се има, туку правилото дека мора да се има добра, отворена комуникација со јавноста.“ – порача таа.

Работилницата беше фокусирана на централнобанкарската статистика. Преку конкретни примери за генерирање статистички податоци беше презентиран статистичкиот веб-портал „НБСтат“, којшто Народната банка го пушти во употреба неодамна. Во вториот програмски дел на настанот, внимание беше посветено на новите податоци за платежните трансакции извршени со платежни картички, додека во завршната дискусија се говореше и за податоците за странски директни инвестиции. Потем се дискутираше и за практиките на Народната банка во комуникацијата со јавноста, при што дел од учесниците ги изнесоа своите видувања, оцени и препораки.

На Работилницата учествуваа над триесет новинари од економските редакции.

Народната банка и натаму ќе биде посветена на јакнење на својата транспарентност и на унапредување на комуникацијата со јавноста. Во Програмата за работа за 2020 година е предвиден и проект за натамошно унапредување на достапноста и разбирањето на соопштенијата, информациите, податоците и анализите.

Клучни зборови

  • Народна банка НБРСМ
  • Работилница
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk