Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

25 фев. 2022 г.·2 мин читање·171 прегледи

Следете не на Viber

Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба  за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Менторите и учениците беа запознаени со начинот и текот на одржување на квизот и материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Воедно, беше спроведена и кратка вежба за учесниците на националниот натпревар.

На настанот присуствуваа и минатогодишните победници, кои ги споделија своите впечатоци од натпреварот.

Националниот натпревар, на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици коишто ќе ја  претставуваат нашата земја на европското финале, ќе се одржи на 24 март 2022 година преку електронската платформа „Кахут”.

Нашата земја по четврти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација кој има за цел да поттикне финансиската едукација на младите во Европа.

Квизот го организира Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

Клучни зборови

  • Европски квиз на пари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk