Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ново зголемување на платите во Рудник САСА – четврто во изминатите две години

10 фев. 2024 г.·2 мин читање·3147 прегледи

Следете не на Viber

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%.

Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, коишто беа особено изразени во текот на 2022 и на почетокот на 2023 година. Пресметките покажуваат дека, од влезот на Централ Азија Металс (ЦАМЛ) во 2017 година до денеска, платите во САСА се зголемија значително, при што просечната плата е над 70% повисока од просечната исплатена нето плата во државава.

Пред донесување на конечната одлука за ново покачување на платите, беа одржани и консултативни состаноци со претставници на репрезентативниот синдикат во САСА, на кои беше презентирана и дискутирана темелната анализа на сите релевантни податоци за работењето на САСА, вклучувајќи ги и податоците за растот на цените и трошоците за живот (инфлацијата).

„И покрај зголемувањето на оперативните трошоци и обемот на инвестиции, како и падот на цените на оловото и цинкот на глобалните пазари, сепак како раководен тим донесовме одлука повторно да ги зголемиме платите на сите вработени. Со ова ја искажуваме нашата почит кон вработените, за нивната досегашна работа и посветеност во остварување на безбедно и одржливо производство и истовремено сакаме дополнително да ги мотивираме да продолжат со добрата работа, да ја зголемиме ефикасноста и продуктивноста, да го зачуваме високото ниво на безбедност и успешно да ја заокружиме реализацијата на капиталните проекти кои треба да обезбедат максимален работен век на САСА и придобивки за сите“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Крис Колбурн.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Рудник САСА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk