Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Новогодишно изненадување за децата од посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец“ од Асоцијацијата на финансиски друштва

31 дек. 2019 г.·3 мин читање·161 прегледи

Следете не на Viber

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) ги израдува децата од Посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец“ со новогодишни пакетчиња. Претставници на Асоцијацијата заедно со Дедо Мраз, денеска поделија околу 100-тина пакетчиња за сите ученици од училиштето. 

„Од името на учениците и вработените во ПОУ„д-р Златан Сремец“ Од срце Ви благодариме за донацијата- новогодишни пакетчиња , навистина ни е драго што денес АФД се одговорни за големиот број детски насмевки, луѓето како Вас, ги прават празничните моменти незаборавни.“, изјави Марија Делетиќ, директорка на ПОУ „Д-р. Златан Сремец“,

Со оваа донација, Асоцијацијата на финансиски друштва уште еднаш ја докажува својата посветеност и определба да реализира општествено одговорни практики кои овозможуваат придобивки за различни групи и сегменти на заедницата.

„Овие денови се потсетуваме дека треба да посветиме повеќе внимание на заедницата. Бидејќи празниците се време на љубов и дарување, ни претставува особено задоволство што со овој  наш скромен гест, измамивме искрени насмевки и радост кај децата. Целта на оваа донација пред сè е да ги израдуваме децата, но истовремено, да пратиме и порака дека сите ние како активни чинители на заедницата имаме обврска да бидеме дел од креирањето на инклузивно општество, во и надвор од областа во која делуваме.“, изјави Јана Никодиновска, Генерален Секретар на АФД.

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е јавна установа за образование на деца со пречки во психофизичкиот развој кое што работи според специјализирани програми за ученици со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирана попреченост, обезбедувајќи модерно образование и рехабилитација на децата преку поттикнување и развој на нивните способности и вештини.

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки ФД Тиго Фајнанс, ФД Иуте кредит, ФД Мого, ФД Дигитал фајнанс, ФД Кредисимо, ФД М-Кеш и СН Финансиско друштво, вложува големи напори за обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата, еднаквост и етика, промоција на сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање, промоција на можностите што ги нудат небанкарските финансиски технолошки решенија, а кои ќе бидат од корист на поединците и општеството, како и изградба на конструктивен дијалог и дизајнирање среднорочна стратегија за одржлив развој на индустријата заедно со надзорните органи, регулаторот и законодавецот во државата.

Клучни зборови

  • Асоцијација на финансиски друштва АФД|АФД|финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk