Од ноќеска на полноќ имаме повисоки цени на бензините. Растот на цените на бензините на светскиот пазар и растот на курсот на доларот во однос на денарот, го направија своето и Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 0,50 денари за еден литар. Со новите цени 95-ката се продава за 72 денари за еден литар, а БС-98 има цена од 74 денари. Во овие цени се уште ја нема дополнителната еколошка такса од 3,1 денар за безоловните бензини, односно 3,5 денари за дизелот, иако според ребалансот на буџетот, таа требаше да се пресметува од 1 јули. Причина за ова одлагање е законската регулатива која се уште не е донесена за да овозможи уште поголемо зголемување на цената на горивата. Но, и со ваква цена, давачките кон државата се огромни.
Имено, околу 45 отсто од вкупната цена оди во државнaта каса, а граѓаните, покрај ти…