Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

НОВА СОРАБОТКА: Комерцијална банка и Триглав Осигурување Живот со заеднички настап во сегментот животно осигурување

7 окт. 2021 г.·2 мин читање·13482 прегледи

Следете не на Viber

Со цел да им заштедат време и средства на своите клиенти, Комерцијална банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје склучија Договор за соработка во делот на животното осигурување, по што нивните производи ќе бидат уште поатрактивни за корисниците.

Новото партнерство има за цел да ја зголеми понудата на банкоосигурување на македонскиот осигурителен пазар и да обезбеди комплетна услуга за кредитокорисниците во Комерцијална банка.

Комерцијална банка веќе неколку години нуди услуги од доменот на неживотното осигурување, а својата посветеност на потребите, сигурноста и довербата на клиентите сега ќе ја надгради и со услугите од сегментот животно осигурување.

Триглав Осигурување Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години, а во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животното осигурување и доминира во бројот на продадени полиси. Триглав Групација, од која е дел и Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, на пазарот е препознатлива со својот професионален пристап кон клиентите, на кои им овозможува креативни прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство, типично за една од водечките групации во Југоисточна Европа.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Банкоосигурување
  • Животно осигурување
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • Триглав Осигурување Живот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk