Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило

5 мај 2022 г.·3 мин читање·1488 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување, во соработка со Avant Car, воведе нова поволност за клиентите на каско осигурување – бесплатно користење на електрично заменско возило во период од 48 часа, додека нивното возило е на сервис.

Триглав Осигурување започна соработка со Avant Car Macedonia, меѓународно етаблиран бренд за мобилност по светски стандарди, со цел да обезбеди уште една корисна придобивка за своите клиенти, бесплатно користење на електрично заменско возило, што ќе придонесе да функционираат непречено и во вонредни услови, кога своето возило треба да го остават на сервис.

Детали за промоцијата. Поволноста можат да ја користат сите клиенти, кои ќе склучат, или ќе го обноват своето Триглав каско осигурување во промотивниот период од 05/05/2022 – 30/09/2022 година. Заменското електрично возило клиентите ќе можат да го користат по пријава на штета по каско осигурување, бесплатно во времетраење од 48 часа, а возилото ќе им биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има договор за соработка и каде што ќе биде задржано нивното возило на поправка. Клиентот, пред да го остави возилото на сервис, единствено треба да го контактира Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за клиентот.

“Доколку навистина сакаме да обезбедиме исклучително корисничко искуство, што е наша стратешка амбиција, мораме да пружиме врвна услуга, квалитетен производ и унифицирано искуство на нашите клиенти со компанијата. Сакаме да бидеме нивен партнер, кој им помага тогаш кога им е тоа потребно, финансиски, но и со услуги, кои ќе им понудат решение и олеснување во дадениот момент, и ќе им помогнат да ги пребродат сите предизвици. Токму таква услуга е бесплатното користење на електрично заменско возило, кое што го обезбедуваме за нашите каско клиенти, со цел да им помогнеме животот да продолжи да им се одвива непречено, без оглед на околностите. Одбравме тоа да го правиме совесно, користејќи единствено електрични возила, бидејќи одржливоста во работењето и високата еколошка свест и одговорност кон средината во која што работиме и живееме се уште една стратешка амбиција, која што ни е исклучително важна. Целта ни беше да понудиме квалитетна поддршка за нашите клиенти, имајќи ја притоа предвид заштитата на нашата средина и убеден сум дека успеавме во тоа”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Oсигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

 

Повеќе детали за промоцијата можат да се најдат на овој линк.

Клучни зборови

  • Ѓорѓе Војновиќ
  • Триглав осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk