Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нова инвестиција на БРАКО за подобрување на производството во фабриката

20 окт. 2022 г.·2 мин читање·1007 прегледи

Следете не на Viber

Велешката фабрика БРАКО инвестира 250 илјади евра за  целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.

Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување на работите, ќе се намалат трошоците за транспорт на материјали низ фабриката, ќе се зголеми ефикасноста и БРАКО ќе  добие поголема конкурентност во времето на изработка и испорака на крајниот производ до купувачот.

Комплексот „Нова фарбара“ ќе обединува седум инфраструктурни единици кои досега беа распоредени на различни локации низ фабриката и во кои 80 високо квалификувани и обучени лица ќе работат на рачно и автоматско фарбање, информира Никола Неделковски, менаџер за површинска заштита кој е одговорен за овој дел од производството.

БРАКО и „Феро Инвест“ и во услови на криза ја зголемуваат својата предност на пазарите, преку редовно инвестирање во производниот процес со кое се оптимизира работењето и се максимизираат можностите за производство.

 

Клучни зборови

  • Брако
  • нова инвестиција
  • подобрување на производството
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk