Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Групацијата ја завршува годината со донации на сите пазари каде што работи

21 дек. 2022 г.·3 мин читање·627 прегледи

Следете не на Viber

Секој ден е одлична можност за споделување топлина и добрина, но некако се чини дека за време на празничниот декември овие доблести доаѓаат уште повеќе до израз. НЛБ Групацијата тоа добро го знае, поради што годината ќе ја заврши со донации за ранливи групи, но и во други добротворни цели, на сите пазари каде што работи.

 „Светот е многу поубав и пошарен кога стоиме еден до друг и од срце создаваме нови можности, особено оние кои ги создаваме ние, со нашата поддршка’ велат од НЛБ Групацијата, чии вработени предложија и гласаа за различни здруженија, хуманитарни организации и групи на кои ќе им бидат доделени средства во вредност од над 500.000 евра.

Вработените во НЛБ Банка Скопје, преку интерна анкета, избраа три организации на кои Банката ќе им ги разубави овие празници. Донации ќе добијат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) чиј патрон е Банката од неодамна и Центарот за поддршка на лица со попреченост „Пркос“.

Дополнително, НЛБ Банка Скопје во соработка со организацијата на Црвениот Крст ќе донира хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за стари и изнемоштени лица кои живеат во рурални подрачја, тешко инфраструктурно достапни до редовни сервиси и потреби.

„Оваа година беше полна со предизвици за многу семејства, организации, компании, едноставно, година на предизвици за заедницата во која живееме и работиме и за регионот за кој знаеме да кажеме дека не е само точка на мапата, туку наш дом. Деновиве влегуваме во најубавиот период од годината, време на празници, дарување и среќа. А ние во НЛБ силно веруваме дека среќата е поголема ако се сподели со другите.  И во тој дух, оваа година, сите членки на НЛБ Групацијата одлучивме да ја споделиме радоста и да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. За таа цел, само нашата Банка издвојува 75.000 евра кои ќе ги намениме за помош на ранливите категории.“- истакнуваат од НЛБ Банка.

„Овој регион е нашиот дом. Тука се нашите семејства, пријатели, соработници, соседи, спортисти за кои навиваме, угостители кои знаат како го пиеме кафето… Овде можеме да дишеме со полни гради, да создаваме, да доживуваме подеми и падови, да градиме релации. Затоа, сосема е природно што сакаме да бидеме активно вклучени, да влијаеме и да го подобриме квалитетот на животот во нашиот дом преку создавање можности онаму каде што недостасуваат, особено во оваа празнична сезона. Затоа што свет полн со добрина  е свет полн со можности.“ – истакнуваат од НЛБ Групацијата.

 

Клучни зборови

  • НЛБ банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk