Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка со поддршка во финансирање на првиот приватен ветeрен парк „Богословец“

30 јун. 2021 г.·2 мин читање·2352 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка АД Скопје, како дел од својата стратегија за поддршка на инвестиции во обновливи извори на енергија и одржлив развој, е една од банките учеснички во синдицираниот заем за финансирање на првиот приватен проект за ветерници во Република Северна Македонија кој ќе се гради во близина на с. Богословец. Станува збор за проект на компанијата Тхор Импекс доо Скопје, во која мнозинско учество има БНБ Компани ДОО учество заедно со Инвестицискиот фонд за зелен раст (Green for Growth Fund – GGF).

Проектот предвидува изградба на ветерна централа со капацитет од 36MW. Планирано е да бидат поставени осум ветерни турбини на локацијата во близина на с. Богословец, а реализацијата се очекува да биде завршена до средина на 2023 година.

Вкупниот износ на синдицираниот заем изнесува 51 милион евра, додека учеството на НЛБ Банка АД Скопје е во висина од 7 милиони евра. Преку оваа инвестиција, Банката дава свој значаен придонес во реализирање на целите на земјата за зголемено учество на обновливи извори на енергија во производството на електрична енергија.

„Нашето учество во овој синдициран заем е од големо значење, посебно што НЛБ Банка како дел од НЛБ Групацијата континуирано работи во насока на приближување кон глобалните принципи на Обединетите нации за одговорно банкарство. Со поддршка на овој проект ја интензивираме нашата работа во областа на одржливоста и преку систематски и аналитичен пристап имаме можност позитивно да влијаеме врз животната средина. Нашата определба е јасна и во насока на поддршка на деловни активности и субјекти со локален и меѓународен опсег, кои функционираат во рамките на нашето општество и ја имаат разбрано нивната улога во контекст на одржливост.“ велат од НЛБ Банка.

Како системски значајна институција, Банката има можност вистински да влијае на околината во која работи со цел да даде свој значаен придонес во мисијата да се подобри квалитетот на животот на територијата во чии рамки функционира НЛБ Групацијата. Имајќи го ова предвид Банката и во иднина ќе продложи да ги поддржува проектите кои се однесуваат на обновливи извори на енергија, енеретски ефикасните проекти и проекти за намалување на CO2.

Клучни зборови

  • Богословец
  • НЛБ банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk