Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НЛБ Банка повторно со поддршка на микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

21 апр. 2021 г.·3 мин читање·1051 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка оваа година, по вторпат го спроведува проектот НЛБ Рамка за помош, согласно позитивното искуство од минатата година, а со цел поддршка на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од ковид-кризатa.

Станува збор за иницијатива која веќе имаше своја успешна реализација во текот на минатата година, а која е всушност одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови предизвикани од пандемијата.

Со проектот НЛБ Рамка за помош, НЛБ Банка им овозможува на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги низ различни медиуми. Исто така за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности и придобивки од областа на електронската трговија.

Со НЛБ Рамка за помош, Банката всушност им овозможува на микро и малите претпријатија полесно да ги надминат последиците од кризата, односно индиректно да ја зголемат својата продажба и да го вратат нормалниот тек на работење. Ова е уникатен проект кој се одвива во рамките на сите банки членки на НЛБ Групацијата, при што и оваа година помошта е координирана и заедничка со останатите членки на едно пошироко и регионално ниво. Во 2020 година, во рамките на НЛБ Групацијата земаа учество повеќе од 270  компании, а целта е овие бројки двојно да се зголемат годинава.

„Изминатата година, нашата земја како и целиот свет се соочи со исклучително тешки предизвици, пришто работевме во услови на голема неизвесност. Иако пандемијата сè уште нè става на тест и очигледно е дека заздравувањето ќе оди етапно и споро, неопходно е секој од нас да го преземе својот дел од одговорноста во остварувањето на оваа важна задача.

Борбата за заживување на економијата е борба за квалитетот на животот на сите граѓани, а ние во финансискиот сектор можеме и мораме да играме важна улога во таа борба.

Горд сум што уште минатата година поддржавме 100 избрани микро и мали бизниси и креиравме 350 уникатни реклами, помагајќи им да го водат бизнисот за време на Корона кризата кога беше најтешко. Поучени од ова позитивно искуство, како и поради големата заинтересираност и барања од микро и малите претпријатија и оваа година ја спроведуваме НЛБ Рамката за помош, со цел да им помогнеме на фирмите да го пребродат овој тежок период“, вели Антонио Аргир, претседател на Управниот одбoр на НЛБ Банка АД Скопје.

Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваков тип на поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката (www.nlb.mk) во периодот од 20 април до 10 мај. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 21.06.2021 година до 30.09.2021 година.

Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Клучни зборови

  • НЛБ банка АД Скопје
  • НЛБ Рамка за помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk