Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нисан вложува над милијарда евра во фабрика за електрични возила во Англија

3 јул. 2021 г.·2 мин читање·1515 прегледи

Следете не на Viber

Британскиот огранок на јапонската фирма „Нисан мотор корпорејшн“ објави дека ќе вложи 1,18 милијарди евра, со својот кинески партнер „Енвижн АСЕЦ“, за изградба на поголема фабрика за батерии за електрични возила во Сандерленд, северна Англија, и во производство на нов модел на електромобил.

Инвестицијата на јапонската компанија, кинескиот партнер и властите на Сандерленд ќе создаде 6.200 работни места во Англија. Капацитетот на фабриката ќе биде 100.000 единици годишно, што е еднаков со оној што францускиот ривал „Рено“ го објави претходно неделава, исто – во партнерство со „Енвижн“, специјализирана фирма за производство на батерии.

Соочени со најрадикалниот технолошки пресврт последниов век, титаните во автомобилската индустрија се натпреваруваат да обезбедат снабдување со батерии близу фабриките што ќе произведуваат еколошки почисти електрични возила во иднина. „Нисан“ ќе потроши до 423 милиони фунти за производство на целосно нова генерација на електрични теренски возила во фабриката каде што веќе ги произведува електричните модели „Лиф“ и „Кашкаи“.

– Најавата на „Нисан“ дека ќе гради фабрика за новата генерација целосно електрични возила во Сандерленд, близу новата фабрика „Енвизија АЕСЦ“, е одличен израз на доверба во Велика Британија и нашиот висококвалификуван кадар на северо-исток, истакна британскиот премиер Борис Џонсон.

Светските сили се обидуваат да ги намалат емисиите на јаглерод од моторите со внатрешно согорување, па Велика Британија вети дека ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со дизел и бензин од 2030 година

Клучни зборови

  • нисан
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk