Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нина Ангеловска: Grouper стана дел од полската групација Asseco (ASEE)

9 мај 2021 г.·3 мин читање·7435 прегледи

Следете не на Viber

Поранешната Министерка за финансии и сопственичка на фирмата Grouper за интернет трговија Нина Ангеловска ја објави веста на својот фејсбук профил.

Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар.

Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат… Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство.

Ниту почетоците, ниту прогресот и успесите не беа лесни. Вложувавме многу напорна работа, се боревме со секој предизвик, го совладувавме и го рагазувавме “длабокиот снег” за останатите. Секоја совладана препрака (а ги имаше многу) значеше многу работа ама и нови собрани знаења и искуства што не правеа подобри и попаметни за следната. Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис. Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Grouper, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Grouper заедницата која секоја година се зголемувше се повеќе.

Придонесот на Grouper беше препознат дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други).

Заедно со неуморниот тим ја заживеавме и трансформиравме е-трговијата. Горди сме за се постигнато.

Покрај тоа што сум горда, сум и неизмерно благодарна – на партнерите сo кои поминавме една неповторлива деценија, на тимот (кои ми се многу повеќе од колеги), на моите родители и сестра ми кои ми даваа неизмерна поддршка и се справуваа со мене, на сите пријатели кои веруваа во мене од самите почетоци и ми беа помош и поддршка и секако на соработниците со кои изградивме пријателства и на корисниците без кои Grouper немаше да биде тоа што е денес.

После 10 групер години, задоволство ми е да ја споделам големата новина на која работевме изминатиот период.

Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.

Низ годините Grouper растеше, се менуваше постојано и постигна многу. Но има уште многу простор за раст и натамошен напредок кој веруваме дека полесно ќе го оствари како дел од меѓународна групација.

Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper.

Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија, е дел од ASSECO групацијата – една од водечките софтверски компании во Европа, која од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на сотвер за платежни солуции во Европа и пошироко. Покрај платежните солуции, ивестициите и ширењето во е-трговија како стратешката определба е во фокус веќе извесно време, а чест ми е што Grouper е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата.

После 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, верувам дека на Grouper му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси.

Клучни зборови

  • Grouper
  • Аsseco SEE
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk