Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Низ македонските аеродроми минале 3,5 милиони патници, најмногу летови  за Истанбул

18 јан. 2026 г.·3 мин читање·1049 прегледи

Следете не на Viber

Низ двата аеродроми во земјава – Меѓународниот Скопје и „Свети Апостол Павле“ Охрид минатата година минале 3.475.288 патници и опслужени се 26.500 летови. Резултатите се за девет, односно за четири насто подобри споредено со 2024 година.

Според статистиката на ТАВ Македонија, во декември е регистрирано двоцифрено процентуално зголемување кај бројноста на патниците во однос на декември 2024. Преточено во бројки, за 294.781 патник.

Во последниот лански месец се реализирани 2.019 летови, што е за 7 насто повеќе од декември во 2024 година.

„Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025 година. Скопскиот аеродром дневно, во просек, опслужуваше 8.786 патници, што е за 9 проценти повеќе од 2024 година, а преку охридскиот дневно патувале 767 патници, што е за 16,3 проценти повеќе споредено со минатата година“, информираат од ТАВ Македонија.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот аеродром Скопје патувале 3.211.419 патници, што е за 8,7 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20 проценти, со услужени 263.869 патници.

Истанбул, во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,6 проценти пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,2 %), Франкфурт (5,7 %), Цирих (4,5 %) и Минхен – Меминген (4,2 %).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4 % пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6 %), Швајцарија (10,8 %), Италија (5,5 %) и Шведска (4,3 %).

 

„Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна стратешка насока, фокусирани инвестиции и силни партнерства. Зголемувањето од 9 насто на бројот на патници и 4% насто пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредување на оперативната ефикасност и проширување на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати“, истакна генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Воедно, вели, зајакната е позицијата на македонските аеродроми:

„Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период“.

Од Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, додека од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид три авиокомпании летаат до седум дестинации.

Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава мрежата на авиолинии од двата македонски аеродроми ќе се зголеми со отворањето на нови авиолинии и нови дестинации. Виз ер ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, додека од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице.

Клучни зборови

  • број на патници
  • летови
  • Меѓународен аеродром Скопје
  • Охридски аеродром
  • Тав Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk