Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

20 јун. 2022 г.·3 мин читање·595 прегледи

Следете не на Viber

30 годишното искуство на болницата Неуромедика како висококвалитетна медицинска установа го потврдија и членовите на жирито на “Balkan Medical Awards” кои одлучија оваа година да им доделат две награди “Болница на годината 2022’’ и “Најдобар менаџер за 2022”.

На свечениот настан “Balkan Medical Awards” кој се одржи на 17. јуни во Пловдив, во хотелот “Санкт Петерзбург”, наградите ги прими сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој им се заблагодари на организаторите и членовите на жирито за укажаната доверба.

“Особено сум горд и среќен на овие награди за Неуромедика. Наградата за Неуромедика за најдобра болница доаѓа во многу важен период за нас кога одбележуваме јубилеј 30 години постоење. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно.

Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на посветено и континуирано инвестирање во нашите капацитети, во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Наградата за “Најдобар менаџер” што ја добив би сакал да ја посветам на моите вработени и на моето семејство кои неизмерно ме поддржуваат и ме прават да бидам успешен во она што го работам. Успешен менаџер се станува само ако сте опкружени со вреден и квалитетен тим на луѓе, а ние во Неуромедика го имаме баш тоа.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

Добивањето на овие награди за Неуромедика е директен индикатор за нивното високо ниво на квалитет кое е постигнато низ посветеност и грижа за здравјето на пациентите во државата и регионот. 30 години Неуромедика работи на тоа поле, да се пружа современо и пристапно здравство за секого со напредна медицинска апаратура и еминентни лекари кои се експерти во своите области.

Болница Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија и е позната по современиот пристап и напредната здравствена заштита за пациентите. Во изминативе 30 години значително ги подигнаа критериумите на здравството во државата преку континуирано инвестирање во медицинска апаратура и капацитетите. Нивната болница во центарот на Скопје е изградена по најмодерните светски болнички стандарди, а условите за грижа за пациентите се на највиско ниво.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Balkan Medical Awards
  • Неуромедика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk