Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НБ со натамошна поддршка за развојот на научната мисла: Одржана 43. сесија на Клубот на истражувачите

3 јул. 2022 г.·2 мин читање·2214 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка продолжува со активностите за поттик и поддршка на научно-истражувачката работа. Одржана е 43. сесија на Клубот на истражувачите, на која беше презентиран наградениот труд на Конкурсот за годишна награда за истражувачки труд од макроекономијата и банкарството, што е уште една активност на централната банка за поттикнување на истражувањето. Станува збор за трудот насловен „Процена на дистрибуцијата на доходот во Северна Македонија: Пристап заснован врз претходно недостапни даночни податоци” на младиот истражувач Димитар Фуна.

Фуна на презентацијата посочи дека целта на трудот, како што кажува и самиот наслов, е да се направи подобра процена на распределбата на доходот во земјава, преку употреба на алтернативен, нов сет податоци од даночната сфера. Со ова се гради нов, алтернативен пристап за оцена на доходната нееднаквост. Фуна посочи дека ваквата анализа би придонесла за зајакнување на видувањата за нееднаквоста во распределбата на доходот кај нас, како и нови податоци за носителите на политиките.

По презентацијата, беше отворена дискусија помеѓу учесниците на оваа сесија на Клубот на истражувачите.

Инаку, Клубот на истражувачите е отворена платформа за презентација и разгледување научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер и може да се направи преку барање за членство на следнава електронска адреса: info@nbrm.mk. Членовите на Клубот добиваат редовни известувања за сесиите и активностите на Клубот на истражувачите.

Сесиите се одржуваат квартално. Народната банка објавува повик до истражувачите за поднесување труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во септември годинава.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • научно-истражувачка работа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk