Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

НА ТАБАНОВЦЕ ЗАПОЧНА ДЕЛЕЊЕТО БЕСПЛАТНИ КАРТИЧКИ ЗА ПАТАРИНА ЗА СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ

15 јун. 2021 г.·2 мин читање·612 прегледи

Следете не на Viber

Започна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи. Туристите од Србија кои од денеска ќе транзитираат низ коридор 10 на пат кон Грција, на граничниот премин Табановце ќе добијат М-смарт картичка за патарините.

На картичките има пари колку што чинат сите патарини во двата правца. Српските туристи ќе треба да ги отчукаат на наплатните рампи и без никаков трошок да го поминат Коридорот 10 низ нашата држава. Како што информираат од Владата за Вечер.прес, од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина Јавното претпријатие за државни патишта изработило 65.000 и ги предало на МВР.

Оттаму додаваат дека картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои ќе имаат можност да ги надополнуваат преку системот е кард,  со не помалку од 300 денари, за следен влез на територијата на Северна Македонија.

Српските граѓани ќе добиваат бесплатни М-Смарт картички при влез во нашата држава до 15 август, а за тоа од државниот буџет се планирани 2,8 милиони евра.

Оваа привилегија е предвидена само за српските граѓани кои патуваат по Коридорот 10. Бесплатните патарини без обезбедени како гест на благодарност кон српските граѓани кои први се понудија да им дозволат бесплатно вакцинирање на Македонците во Србија.

Клучни зборови

  • бесплатни карти
  • патарина
  • српски граѓани
  • Табановце
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk