Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Најмногу онлајн купувања од странство кон домашните е-трговци извршени со платежни картички од САД и Обединето Кралство

23 мај 2022 г.·3 мин читање·1691 прегледи

Следете не на Viber

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година.

Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, наспроти 297.742 онлајн трансакции со вкупна вредност од 10,9 милиони евра во 2020 година, што претставува раст од 58,4% во бројот и 50,5% во вредноста на трансакциите.

Од вкупниот износ во вредност од 16,4 милиони евра кои странците во текот на 2021 година го потрошиле онлајн за купување во С.Македонија, повеќе од половината, односно 53% од вредноста на трансакциите се реализирале од страна на ТОП 10 земјите со најголема потрошена вредност онлајн во С.Македонија.

Станува збор за следниве земји:

Од ТОП 10 земјите по вредност на онлајн трансакции кои платиле со странски платежни картички во С. Македонија, соседни земји со најголем промет се Бугарија  со потрошени 534 илјади евра и Косово со потрошени 302 илјади евра.

Од аспект на бројот на онлајн трансакции, направени со странски платежни картички во Македонија, 44,4% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со странски платежни картички (60.949 трансакции) се реализирани со картички кои се издадени во САД, а потоа следи Обединетото Кралство со реализирани 40.704 онлајн трансакции.  Дел од ова веројатно се должи на странски картичките од брендови како “Payoneer” и “Revolut” од САД, односно Обединето Кралство кои воедно се користат од лица од земјава, особено лица од ИТ секторот кои работат “freelance” за странски компании и претставништва и по тој основ остваруваат приходи кои им се исплаќаат на странски картички, кои може да ги користат за трансакции кон дома.

Останатите земји од каде што има најголем број на онлајн трансакции доминантни се оние земји каде има голем број на иселеници, како Швајцарија, Германија и Шведска кои ги користат своите платежни картички за да купуваат онлајн од е-продавници од С.Македонија. Од соседните земји, Бугарија и Србија се дел од ТОП 10 земји кои пазаруваат онлаjн во С. Македонија.

Клучни зборови

  • онлајн трансакции
  • странски платежни картички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk