Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Најдобри опции за чување на вашите пари

13 окт. 2021 г.·4 мин читање·5202 прегледи

Следете не на Viber

Во неколку наврати ја потенциравме важноста на штедењето, чија корисност не треба во никој случај да се потцени. Има безброј причини зошто да заштедите пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за вашите најмили. Доколку веќе сте ја стекнале оваа здрава навика, сосема е природно да се запрашате каде да ја чувате вашата заштеда, за истата да биде безбедна. Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи предвид дека доколку истите ги орочувате, износот на депонираните средства ќе се зголеми за висината на каматата. Па така, вашето штедење ќе премине во заработка.

Во Халкбанк постојат повеќе производи наменети за штедење, кои се прилагодени на различни потреби и разлики во динамиката на животните стилови. Овој октомври, во светскиот месец на штедење, најактуелен  депозит на Халкбанк е Промо депозитот кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци. Овој производ се карактеризира  со атрактивни каматни стапки од 1 отсто за заштеди во денари и 0,80 отсто во евра кај депозити орочени на 13 месеци, односно 1,30% за денарско штедење и 1% за штедење во евра за орочување на период од 25 месеци. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Понудата за Промо депозитот важи само во периодот од 1ви до  31ви октомври 2021 година.

Примамливи каматни стапки  се присутни и кај  Evolve депозитот, кој  се карактеризира со  каматна стапка што расте на секои 6 месеци. Овој депозит ви овозможува остварување  принос од 2,7% за штедење во денари, односно 1,7% за штедење во евра во  рок од 24 месеци сметано на иницијалниот влог. Кога станува збор за  Evolve депозитот, Халкбанк нуди два типа депозити – Evolve депозит со можност за дополнителни вложувања и Evolve депозит со можност за предвремено раскинување, па секој штедач може да го одбере посакуваниот начин на орочување кој најмногу соодветствува на неговите барања и потреби.

Доколку сте корисник на електронското банкарство на Халкбанк, постои можност да  отворите  Онлајн депозит по електронски пат  без потреба од физичка посета на филијалите на Банката. . Орочувањето кај Онлајн депозитот може да биде на 6, 12 или 24 месеци.

Понатаму, производот Мој депозит овозможува повлекување средства, при што на повлечениот дел од депозитот се песметува камата по видување, додека за останатиот дел се пресметува камата по договор. Овој модел на штедење е достапен за сите физички лица кои во Халкбанк имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања.

За секојдневно штедење соодветен и особено корисен е Отворениот депозит бидејќи нуди можност за дополнителни и повеќекратни уплати во текот на едногодишниот договор за орочување. Депозитот може да се надополнува и преку електронско и мобилно банкарство или со траен налог. За штедачите кои се заинтересирани за исплата на месечни камати или исплата на камати на крајот на периодот на орочување, Халкбанк го препорачува Генералното штедење со фиксна каматна стапка.Валути во кои се орочуваат средствата за овој тип на штедење, се денари, евра и американски долари.

Корисницитена Mastercard Debit Contactless картичката на Халкбанк, можат да штедат и при секое плаќање, со производот Е-Касичка, по чие активирање, со секоја трансакција, одреден износ се трансферира на посебна штедна сметка, наменета исклучиво за овој тип штедење. Е-Касичка ви овозможува самостојно да го одберете износот што би сакале да се заштеди при секоја извршена трансакција со Mastercard Debit Contactless кртичката.

За најмладите, идни штедачи, односно за сите родители  кои сакаат да обезбедат посигурна иднина и финансиска стабилност за своите деца, Халки, се погрижи да обезбеди Детско штедење, чии главни карактеристики се фиксни каматни стапки, рок на орочување до 60 месеци и можност за повеќекратни уплати.

Несомнено, дури и малите заштеди може да обезбедат своевидна сигурност, стабилност и подготвеност да се одговори на неочекувани потреби. Доколку сте во потрага по мотивација за да заштедите пари, или потребно ви е безбедно место за чување на вашите парични средства, вие сте на вистинското место! Нека овој октомври ги постави темелите на вашите штедни влогови! Искористете ги бројните поволности и бенефити на Промо депозитот на Халкбанк и започнете да штедите за безгрижна иднина.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Evolve депозитот
  • депозит
  • Детско штедење
  • Е-касичка
  • Мој депозит
  • онлајн депозит
  • Промо депозитот
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk