Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Најголемите компании од Македонија и регионот присуствуваа на 8 FMCG SUMMIT

28 окт. 2022 г.·2 мин читање·593 прегледи

Следете не на Viber

Повеќе од 400 учесници од најголемите компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава го посетија 8 FMCG SUMMIT што се одржа вчера во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. 

Овој најголем настан во трговскиот сектор во Македонија уште еднаш на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите, кои имаа можност да ги слушнат новитетите и трендовите од врвни авторитети во FMCG – секторот. Говорници од Македонија, Србија, БиХ и Велика Британија  пред присутните ги споделија своите драгоцени искуства и знаењa за тоа како  компаниите да носат одлуки во време на висока инфлација и економска криза, како да опстанат на пазарот, кои извори на финансии им стојат на располагање, која е тајната на победничките тимови, како продажните тимови подобро да продаваат и слични актуелни теми. Бојан Радун, CEO на „Имлек“ и сопственик на „Нектар“ сподели искуства за раководењето на семејните фирми – која е разликата меѓу водството на сопственик и професионален менаџер, а во рамки на Самитот имаше и дебата за актуелните проблеми на компаниите и можните решенија за во иднина.

Самитот се одржува еднаш годишно во Македонија. Вакви FMCG – самити организираат и редакциите на InStore во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

 

Клучни зборови

  • 8 FMCG SUMMIT
  • FMCG
  • InStore
  • кликер маркетинг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk