Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НАЈАВЕНА КВАЛИТЕТНА ПРОГРАМА СО НАД 30 ЕКСПЕРТИ: Четири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија

3 ное. 2022 г.·2 мин читање·1102 прегледи

Следете не на Viber

Петок, 11 ноември е датумот резервиран за 5. јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија во Македонија – Конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „E-commerce: Accelerate!“ добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг специјалисти, менаџери и директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

Во фокусот на конференцијата годинава се четири теми кои се внимателно избрани за да одговорат на потребите на индустријата. Конференцијата ќе биде одлично место за да се научи и дознае повеќе за: можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и за вистинските приказни од успешни е-трговци од регионот. Овие четири главни теми ќе бидат претставени во 6 презентации, 1 неформален разговор, 4 панел сесии и 2 студии на случај.

Сето ова ќе биде презентирано од еминентни светски експерти кои специјално за конференцијата доаѓаат во Скопје од глобално познатите брендови меѓу кои Тик-ток, Гугл, Пејонир, Мастеркард и многу други.

Од домашните говорници, своето искуство на конференцијата ќе го пренесат Ангелина Блажеска, ко-сопственик на мобилната апликација за фитнес – FitKit, Бобан Милосавлески, основач и ко-сопственик на првата автоматизирана платформа за е-трговија во Македонија – Vendor, Дарко Перушески – сопственик на првата македонска национална стриминг платформа – Gley и многу други.

Традиционално, конференцијата ќе заврши со гејмификација, квиз натпревар со вредни награди за победниците. По завршувањето на официјалниот дел, вечерта следува голема роденденска забава за сите присутни учесници на конфренцијата, а утрото на 12ти ноември – искачување на Водно заедно со говорниците и спонзорите на конференцијата.

Комплетната агенда на конференцијата, заедно со имињата на сите говорници и модератори е достапна на официјалната веб страница: https://www.ecommerceconference.mk/agenda/

Клучни зборови

  • E-commerce
  • е-трговија
  • конференција
  • конференција за е-трговија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk