Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Народна Банка: Фондовите, осигурителните и финансиските друштва со годишен раст на средствата од 18,5%

1 мар. 2020 г.·3 мин читање·170 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка ги објави статистичките показатели за финансиските текови за четвртиот квартал од годината која измина со аспект на движењата кај останатите финансиски институции.  Според Народната Банка вкупните средства на ОФИ изнесувале 123 милиони денари со годишен раст од 18,5%. Кај банките и штедилниците пак, продолжува трендот на намалување на каматните стапки на вкупните кредити од 4,93%.

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2019 година

–      Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од четвртиот квартал од 2019 година изнесуваат 123.636 милиони денари и бележат квартален и годишен раст од 3,6% и 18,5%, соодветно.

Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 63,1%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 20,4%.

–      Од аспект на финансиските инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се инвестирањата во должнички и сопственички хартии од вредност, како и пласманите во валути и депозити со вкупно учество од 86,0%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со вкупно учество од 91,3%.

Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Позначајни движења во платниот биланс во четвртиот квартал од 2019 година

–      Во четвртиот квартал од 2019 година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 286,9 милиони евра. Во рамки на финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи кај директните инвестиции, трговските кредити и кај заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 156,4 милиони евра;

–      Во 2019 година дефицитот во тековната сметка изнесува 313,5 милиони евра и во најголем дел е резултат на дефицитот во стоковната размена. Во финансиската сметка се остварени нето-приливи од трговски кредити, заеми и директни инвестиции кои ги надминаа нето-одливите на средства врз основа на портфолио-инвестиции и валути и депозити. Со тоа, тие го финансираа дефицитот во тековната сметка и овозможија раст на девизните резерви од 374,6 милиони евра.

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јануари 2020 година

Во јануари:

–        Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто се сведе на нивото од 4,93%;

–        Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така се намали и изнесува 1,20%.

Клучни зборови

  • инвестициски фондови
  • каматни стапки
  • Лизинг друштва
  • Народна банка
  • Народна банка НБРСМ
  • Осигурителни друштва
  • пензиски фондови
  • Финансиски институции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk