Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Народна банка: Надворешниот долг изнесува 29,3 проценти од БДП

1 окт. 2021 г.·1 мин читање·501 прегледи

Следете не на Viber

Надворешниот долг на крајот на вториот квартал од годинава изнесува 3.395 милиони евра или 29,3 проценти од проектираниот БДП што претставува квартално зголемување за 107 милиони евра, објави попладнево Народната банка. Поголемо учество во вкупниот нето долг има приватниот долг (60 проценти). Според статистичките показатели објавени од централната банка, бруто надворешниот долг изнесува 10.159 милиони евра или 87,6 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 353 милиони евра.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.764 милиони евра или 58,3 проценти од БДП и бележи зголемување од 246 милиони евра.

„Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 7.111 милиони евра, или 61,3 проценти од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа е зголемена за 162 милиона евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84 проценти, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал“, се наведува во соопштението од Народната банка.

Клучни зборови

  • Бруто надворешен долг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk