Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

НАРОДНА БАНКА: ДЕНАРОТ Е И ЌЕ ОСТАНЕ СТАБИЛЕН – НЕМА ПРОМЕНИ НА НИВОТО НА НЕГОВИОТ ДЕВИЗЕН КУРС

28 мар. 2020 г.·2 мин читање·83 прегледи

Следете не на Viber

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Онлајн-платформите коишто се коментираа во објави на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден, не се релевантен извор за следење на вредноста на домашната валута. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути и не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците.

Единствен релевантен извор на информации според којшто може да се следи девизниот курс на денарот е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница – www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар.

На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари.

Како што имаме посочено и претходно – ние располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.

Можете да бидете спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен!

Клучни зборови

  • Девизен курс
  • денар
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk